ВИДЕО: Наполи со пресврт остана во трката за Скудетото

1 min read

Денеска во рамките од 30 коло во најсилното италијанско првенство составот на Наполи со 2:1 славеше против Удинезе.

После првото полувреме водеа гостите со голот на Деулофеу од 22 минута после асистенцијата на Перејра.

„Наполитанците“ го направија пресвртот во вториот дел, најпрвин израмни Осимхен во 52 минута, а истиот играч во 63 минута го постави конечниот епилог.

Кај домаќините македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 88 минута како замена за Инсиње, а на спротивната страна на клупата за резервни играчи остана Илија Несторовски.

На табелата Наполи е второпласиран со 63 бодови колку и водечкиот Милан кој има еден меч помалку, додека Удинезе е на 14 место со 30 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кајли Џенер сподели фотографија со прстен: Дали се случила тајна венчавка со Тревис Скот?

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП удри по ситните трговци, а големите никој не ги чепка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian