ВИДЕО: Интер испратен со свирежи од „Меаца“, титулата сѐ подалеку

1 min read

Милански Интер во последните пет натпревари во Серија А има само една победа, а денешното реми е трето во таа низа, уште еден чекор назад во борбата за Скудетото.

„Нераѕурите“ на домашен терен ја имаа фаворитската улога, но на крајот само одиграа нерешено против Фиорентина со резултат 1:1.

На стадионот „Џузепе Меаца“ немаше голови по првото полувреме, во 50 минута гостите водеа со погодокот на Тореира, а само пет минути подоцна израмниа Думфрис.

На табелата играчите на тренерот Симоне Инзаги се на третото место со 60 бодови, три помалку зад Милан и Наполи кој денеска го совлада Удинезе (2:1).

Во следното коло Интер го чека тежок дуел на 20 март на гостински терен против Јувентус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пречекани со протести во Белизе: Напуштете ги нашите имоти

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша ја наследи Мадона, ама во аутфитот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian