ВИДЕО: Ембид блескаше и во дуелот против Дончиќ

1 min read

Доцна синоќа во НБА лигата екипата на Филаделфија славеше против составот на Далас со конечен резултат 111:101.

Сиксерси на тој начин стигнаа до втората победа по ред, додека за Маверикси ова беше прв пораз после триумфи во низа.

Ембид за Филаделфија веќе четврти меч по ред постигнува 30 или повеќе поени, за неполни 34 минути реализираше 32 поени, плус имаше осум скокови и четири асистенции и беше најдобар стрелец на средбата.

Постигна рекорд на кариерата со пет украдени топки. На спротивната страна, Дончиќ за 35 минути запиша 17 поени, седум скокови и 10 асистенции.

Во Источната конференција Филаделфија е третопласирана (43-26), зад Мајами и Милвоки, додека Далас на Западот е петтопласиран (43-27).

НБА лига, резултати –

Филаделфија – Далас 111:101
Атланта – Мемфис 120:105
Бруклин – Портланд 128:123
Кливленд – Денвер 119:116, 107:107 (по 1. продолжение)
Њујорк – Вашингтон 100:97
Торонто – ЛА Лејкерс 123:128, 116:116 (по 1. продолжение)
Хјустон – Индијана 118:121
Мајами – Оклахома 120:108
Сан Антонио – Њу Орлеанс 91:124
Јута – ЛА Клиперс 121:92
Феникс – Чикаго 129:102
Сакраменто – Бостон 97:126

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ален Делон сака да го заврши животот со евтаназија

Следно

Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian