Украина потврди дека руските сили нападнале складиште за ракети

1 min read

Руските сили извршија ракетен напад врз складиште за ракети и муниција во населбата Дељатин во областа Ивано-Франковск во западна Украина, соопшти денеска украински воен претставник.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека допрва треба да се потврди дали проектилот што го користеле Русите е навистина Кинжал, најнова хиперсонична ракета или некој друг вид на оружје.

Претходно денеска Министерството за одбрана соопшти дека руската армија вчера го погодила подземниот магацин во Дељатин со таква хиперсонична ракета што сега првпат ја користат во борба.

Според руските власти, „Кинжал“ го носат борбени авиони МиГ-31 има домет до 2.000 километри и лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот.

kurir.mk

Претходно

Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата

Следно

Пролетен љубовен хороскоп: Што ве очекува од март до јуни?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian