Уапсени родители кои си ги принудувале децата да питаат

1 min read

Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје во содејство со Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, во текот на изминатата недела превземаа мерки и активности по претходно подготвени планови за спречување на социопатолошката појава „питачење“ при што лишени од слобода биле Ј.Д.(44) и Н.Ј.(30) двете од Скопје поради тоа што биле затекнати како заедно со своите малолетни деца питачат на улица на подрачјето на Скопје.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот ќе следат кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело“запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по чл.201 од КЗ на РСМ.    

skopjeinfo.mk

Претходно

Пол позиција за шампионот Квартараро во Индонезија

Следно

Уништени разузнавачки центри на украинската армија во Одеса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian