Пол позиција за Шарл Леклер пред Ферстапен во Бахреин

1 min read

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер ја освои пол позицијата пред првата трка оваа сезона во Формула 1, за Големата награда на Бахреин. Трката е в недела од 14.30 часот.

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе стартува како второпласиран, додека трет Карлос Сајнц и така ќе имаме двајца пилоти на Ферари во првите тројца.

Од четвртото место ќе започне Серхио Рамос, додека Луис Хамилтон од петтата позиција. Во Топ 10 се наоѓаат уште Ботас, Магнусен, Алонсон, Расел и Гасли.

Леклер до 10 пол позиција во својата кариера стигна со време од 1:30.558 мин. во третата квалификациска рунда.

– Чувството е добро. Се надевавме дека ова ќе биде права можност да се најдеме во првиот ред. Стартуваме од пол позицијата, така што навистина сум среќен – рече Леклер после квалификациите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Пресликана на Ксенија Пајчин: Вака изгледа сестрата на една од најубавите србинки

Следно

Бизнисот пред здравјето на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian