„Одиме кон бездна“: Лекарите предупредуваат дека има сѐ повеќе невакцинирани деца

2 mins read

Скоро за една третина е опаднат на имунизација со задолжителните вакцини кај децата во Скопје – отпорот е најголем кај МРП вакцината и голем број родители не се појавуваат во диспанзерите, објави Сител.

Лекарите велат дека состојбата не е добра и дека се можни епидемии на морбили и заушки, односно може да има голем број деца кои се незаштитени од болести кои можат да бидат под контрола.

-Не само во Скопје, и во Гевгелија, Битола, Прилеп има намален опфат, и тоа најмногу за МРП. А, ако не се прими МРП, според календар не може стрептококна, ако не може стрептококна, не може петтовалетна и тоа е поврзано, а поради тоа одиме кон една бездна каде ќе имаме многу невакцинирани деца, вели за Сител епидемиологот д-р Сашко Олумчев.

Тој е регионален координатор за имунизација во јужниот дел од земјата и алармира дека здравствените работнции мора „да ги засукаат ракавите“ во овој период и да го искористат за повторно укажување на родителите околу бенефитот од вакцините, но и да укажуваат дека тие се задолжителни.

-Ние како здравствени работници мора нешто да направиме – уште не сме излегле од оваа криза, ќе влеземе во друга. Овој период кога ковидот е малку стивнат и секако летните месеци, да ги искористиме за кампањи, бидејќи ние не само што го подзаборавивме ова со вакцинацијата кај децата, туку и хроничните болести и мора да се посветиме, вели д-р Олумчев.

Лекарите очекуваат зголемување на опфатот на имунизација, кој мора да биде најмалку 95 проценти за да има колективен имунитет. На почетокот на 2019 година беше прогласена епидемија на морбили во Скопје, а неколку месеци подоцна и во целата држава, поради големиот број заразени и невакцинирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сака го турна Арсенал кон Лигата на шампионите

Следно

Германскиот РТЛ ангажираше украинска водителка на вести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian