Не тренираше пред „Ел Класико“: Реал без Бензема против Барса

1 min read

Има лоши вести за Реал Мадрид што се однесува до ситуацијата со Карим Бензема во пресрет на неделното дерби во „Ла Лига“, информира шпанската „Марка“.

Францускиот напаѓач не беше дел од утринската тренинг сесија со неговите соиграчи за пресметката против Барселона утре од 21.00 часот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

Тоа е голем удар за „кралевите“, а нивниот тренер Карло Анчелоти сега мора да најде начин да го замени својот главен играч во нападот.

Сезонава италијанскиот стратег не им даде многу шанси на Лука Јовиќ и Маријано Дијаз, па веројатно едно од крилата ќе биде на најистурената позиција – Асенсио, Родриго, Азар или Бејл.

Од друга страна, на одбраната на Барса сега сигурно ќе ѝ биде „полесно“, бидејќи Бензема се блеска во сите натпреварувања. Тој е убедливо најдобар стрелец во шпанското првенство со 22 гола, а со 11 асистенции е најдобар и во тој сегмент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најпопуларното домашно јадење на сите времиња: Гурманска сарма за почетници

Следно

Град Скопје реши над 1400 барања на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian