Нејмар си заминува од ПСЖ, англиски клуб планира да го купи за 240 милиони евра!?

1 min read

Бразилскиот напаѓач Нејмар (30) одлучил да го напушти Пари Сен Жермен веднаш штом започне претстојниот летен преоден рок, објавија денеска шпанските медиуми. Одлуката на Бразилецот, како што тврдат, е конечна, а веќе се активирани три клуба за негово доведување.

Манчестер сити, Барселона и Њукасл се подготвени да преговараат со ПСЖ околу Нејмар, а се наведува дека популарните „страчки“ се најсериозен кандидат досега.

Имено, Саудијците минатата година го купија Њукасл и сега гледаат одлична можност во Бразилецот за кој се спремни да платат повеќе отколку што планираат Барса и Сити.

Тие исто така се подготвени да му дадат огромна плата на Нејмар за да го направат главен човек на нивниот проект. Така, цел Њукасл би се изградил околу Нејмар во следните неколку години кој би бил главното лице на клубот.

Њукасл наводно е подготвен да плати речиси 240 милиони евра за Бразилецот кој од Барселона пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ќерката на Алек Болдвин отворено за анкциозноста: Лежам на подот во положба на фетус

Следно

СДСМ: Полицијата ефикасно се бори со криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian