Најчести последици на мозокот по прележан ковид-19

1 min read

Еден од трајните приоритети во истражувањата во развиениот свет е истражувањето на мозокот. За тоа сведочи и податокот дека околу милион и пол научници се занимаваат со невронаука. Повеќе од 45 отсто од вкупните трошоци и оптоварувања во здравствениот систем на ЕУ ги сочинуваат токму болестите на мозокот.

Според податоците на Федерацијата на Европските здруженија за невронаука (ФЕНС), 179 милиони луѓе во Европа страдаат од некое нарушување на нервниот систем. Вкупниот годишен трошок од околу 800 милијарди евра за болести на мозокот е поголем од трошоците за лекување на кардиоваскуларните и малигните заболувања заедно.

Мозокот и постковид синдром

По избувнувањето на пандемијата на коронавирус, докажано е дека вирусот може да предизвика голем број мозочни оштетувања, што може да остави значителни и долгорочни последици врз секојдневното функционирање на пациентите доколку не се лекува навремено.

Примери за такви последици се:

– когнитивни дефицити, вклучително и тешкотии со концентрацијата и помнењето
– отежнато донесување одлуки
– промени во расположението
– зголемување на анксиозноста
– тешкотии со спиењето

Во периодот до целосно закрепнување на пациентите и враќање на сите функции на нивото кое претходело на болеста, за делотворно лекување е неопходна неврокогнитивна рехабилитација, како и поттикнување на интердисциплинарна соработка на многу области и насоки во подрачјата на едукацијата, науката и директното пружање комплементарни услуги.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина тврди дека е убиен уште еден руски генерал

Следно

149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian