Хороскопските знаци во кафана: Кој ја затвора, а кој ја чести цела маса?

8 mins read

Дали сте боем или не – сеедно, хороскопот ве издава како се однесувате во „вториот дом“, а тоа е кафаната.

Овен

Иако е Овен, припадникот на овој знак ужива во кафана како риба во вода, без разлика на пригодата. Кога ќе испие малку повеќе(а, тоа не му е тешко), почнува да се однесува многу директно, особено кон претставничките на понежниот пол. Иако е фокусиран на својот „плен“ од женскиот пол, сепак го забавува целото друштво и кажува вицови. Овенот е шеф на кафаната, нарачува дупли пијачки за цело друштво, ја кити со пари музиката и нарачува песни.

Бик

Бикот би сакал да има своја кафана, што и не е толку ретко, но ако ја нема, тогаш има свое омилено место каде сите го познаваат, од келнери до продавачи на цвеќиња. Собира музичари околу својата маса и не ги пушта(но, богато се однесува со нив), нарачува песни, ја удоволува својата поубава половина или госпоѓата што му се допаѓа. Жената Бик ужива и во кафанскиот амбиент, сака и да пее, па „караоке“ во неој ресторан би било совршено.

Близнаци

Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафана, без разлика дали одите таму како вљубена двојка, пријатели или познаници кои штотуку се запознале. Мажот роден во овој хороскопски знак може да биде неодолив, бидејќи го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, игра и го забавува друштвото. Жената Близнаци е секогаш во друштво со помлади луѓе, не внимава на партнерот оти обично не е љубоморна и се забавува како дете.

Рак

Иако најмногу ги сака куќата и семејството, за Ракот вториот дом е најчесто омилената кафана, бидејќи никаде на друго место не може да се опушти со пијалак и разговор со пријателите, да пее, да игра и така натаму до доцна навечер или рано наутро. Ракот сака да танцува затоа што сака да се опушти, а повеќе сака да го прави тоа со пријателите, а кога е со својот љубовен партнер, го гледа како никој да не постои наоколу.

Астро викенд: Подгответе се за бура од емоции!

Лав

Кралот на забавата, игрите и сите можни прослави – Лавот знае да организира сè во омилената кафана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите веднаш штом ќе го видат трчаат да му ја отворат вратата. Лавицата, атрактивна и провокативна, прво ја „снима“ состојбата во кафаната и го мери друштвото во кое се нашла, а потоа само стапува на сцена. И тогаш сите погледи сигурно се вперени во неа, кога е на нејзиниот „трон“ – подиумот, бидејќи знае дека тогаш е неодолива.

Девица

Роден за мерак и опуштање, а кој би го рекол тоа, кога машките припадници на овој знак се толку уредни, пристојни и воздржани? Кога малку ќе се напие, а атмосферата ќе почне да се загрева, тој е тој што нарачува тури во кафаната, им тура пијалоци на сите и го крева нивото на расположение до тој степен што, сите се чекор назад. Потоа Девицата влегува на сцената, нешто се буди во неа, се случува да танцува на шанк или маса. Жената Девица ќе се преправа дека е нејзината сестра близначка која синоќа била „луда“, а не таа.

Вага

Боем, џентлмен, хедонист – машката Вага не може без друштвото во кафана (најелегантниот ресторан). Инсистира да ја плати сметката, се грижи дали чашите се полни, не дозволува музичарот да се оддалечи од неговата маса, но и богато се однесува со него. Софистицираната женска Вага избира луксузни ресторани за трачеви со пријателите, и локали со музика каде останува до зори, кога решила да се „оштети“. Зад нејзиниот воздржан изглед, кога ќе избие желба за забава, жената Вага не гледа во часовникот.

Ова се четирите најдраматични знаци на Зодијакот

Скорпија

Елегантна и гласна, магнетски привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во атмосферата на кафаната, преправајќи се дека не ја забележува личноста која ја голта со очите. Не ви дозволува да ја напуштите забавата кога сакате, туку кога таа ќе дозволи. Жената Скорпија избира ресторан, знае да пие „машки“ или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето.

Стрелец

Ја обожава кафаната во централната градска зона каде доаѓаат познати личности, меѓу кои е и тој, затоа што машкиот Стрелец е секаде омилен гостин. Знае да започне разговор на жешка тема, но знае и да се контролира и кога пие не прави скандали. Се чини дека жената Стрелец успешно се вклопува и со машките и со женските гости во секое друштво и во секоја кафана, иако сака да менува ресторани и да пробува нови, бидејќи во душата е авантурист.

Јарец

Жената Јарец, за разлика од популарното мислење дека само работи, работи и работи, дека е вкочанета и воздржана, знае да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика. Мажот Јарец, навидум срамежлив и расеан, останува да лудува во кафана до раните утрински часови и не дозволува другите да си заминат порано, па некои пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено ако му се колеги од работа.

Кои хороскопски знаци ќе доживеат финансиска преродба во април?

Водолија

Водолијата не прави разлика дали е во кафана или дома, со оглед на тоа што тој најчесто својот дом го гледа како место за преноќување, а едноставно ја обожава „биртијата“, бидејќи има сè што сака, а тоа е опивање и флертување со жени. Жена Водолија знае како да ја дочека зората во омилената кафана со другарките, додека нејзиното момче игра компјутерски игри дома.

Риби

Тој се чувствува толку убаво во кафана, особено со неговото машко друштво, затоа што веќе знае кој што сака да пие, колку може да испие и каква музика сака да слуша секој од нив. Кого го интересира колку е часот, кога му е толку убаво, како во друг свет од неговата имагинација. Жената Риба сака дискретни места, во близина на реката, ако е можно, врвна услуга и џентлмен покрај неа кој се радува во секој момент од нејзиниот живот, па од неа треба да се научи уметноста на финиот боемизам и заведувањето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан го „спаси“ Додик, ништо од заедничките ЕУ-санкции за лидерот на босанските Срби

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Бизарна трансформација: Човек се обидува да стане „црн вонземјанин“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian