ФОТО+ВИДЕО | Бизарна трансформација: Човек се обидува да стане „црн вонземјанин“

1 min read

Ентони Лофредо е 33-годишен Французин со само една цел во животот – да стане црн вонземјанин. На својот инстаграм-профил „Black Alien Project“, тој објавува фотографии од неговата трансформација и манипулација со човечкото тело. Тој тврди дека постигнал само 41% од посакуваниот изглед и дека не планира да престане со естетската хирургија.

Сепак, покрај неговиот бизарен изглед, тој постојано ги шокира луѓето. Неговите последни трансформации вклучуваат отстранување на прстите на рацете, бидејќи Ентони сака да има канџи и нсертирање на метални пирсови на челото, брадата и други делови на лицето.

Ова не е првата бизарна операција што ја има направено. Тој си ги има отсечено горната усна и носот, го преполовил јазикот и го истетовирал целото тело, дури и очните капаци.

Неговиот живот и изглед предизвикуваат многу реакции од околината, но и од луѓето на интернет. Коментарите се движат од негативни кои го осудуваат и позитивни кои целосно го поддржуваат во неговите одлуки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопските знаци во кафана: Кој ја затвора, а кој ја чести цела маса?

Следно

Теквондо клубот „Бутел“ со девет медали од „Зрењанин Опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian