Фото: Работна сабота за Муцунски, чисти светнаа неколку локации во Аеродром

1 min read

Доаѓањето на пролетта дечињата и родителите од Аеродром заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски го дочекаа работно. Сончевото време и викендот го искористија за неколку еколошки акции на територијата на општината. 

Во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција за чистење и уредување на дворовите на училиштата и детските градинки. Тоа што заночна вчера продолжни и денес со еко акција на кејот на Вардаро и во ОУ „Лазо Ангеловски“ со еко акција и уредување на училишниот двор.

Преку заедничка акција со дел од учениците, родителите и наставниците го уредивме овој простор и направивме најголемото основно училиште на територија на Општина Аеродром да добие нов лик, напиша Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.

Обрнуваме посебно внимание за учениците и создаваме подобри услови за нив во основните училишта во нашата општина, додаде тој во својата објава. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен ковид биланс: 273 нови случаи и 5 починати

Следно

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian