ФОТО | Пресликана на Ксенија Пајчин: Вака изгледа сестрата на една од најубавите србинки

1 min read

Поминаа 12 години од трагичната смрт на Ксенија Пајчин, која на 16 март 2010 година беше застрелана во нејзиниот стан во Вождовац од нејзиното момче, манекенот Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство. Во времето кога починала, Ксенија имала 32 години, а полусестрата Миа само 13, но сепак биле многу блиски.

Изминаа 12 години од трагичната смрт на балканската ѕвезда Ксенија Пајчин

„Многу ја сакав и и се восхитував“, изјавила во една прилика Миа која на надлактицата го истетовирала името на прерано починатата сестра која важеше за една од најубавите Србинки.

Во меѓувреме, Миа порасна и велат дека личи на Ксенија

„Ксенија беше енергична личност. Таа можеше да направи сè. Бунтовничка, своја и неповторлива пленеше со добрина и убавина“, се зборовите со кои Миа ја опишува својата сестра, а на прашањето дали ќе продолжи по својот пат и ќе почне да пее, таа искрено призна дека ја привлекува сцената, но дека уште повеќе е заинтересирана за глуматата и модата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Страотен верижен судир во тунел во Турција, надзорните камери ја снимија несреќата

Следно

Пол позиција за Шарл Леклер пред Ферстапен во Бахреин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian