ФОТО | Кајли Џенер сподели фотографија со прстен: Дали се случила тајна венчавка со Тревис Скот?

1 min read

Кајли Џенер објави инстраграм-сторија кој предизвика гласините за свадба. Таа сподели фотографија од нејзината рака со француски маникир, зелена чанта и два блескави дијамантски прстени наредени на „посебниот“ прст, што ги натера обожавателите да се запрашаат дали таа и раперот Тревис Скот се тајно венчани.

Кајли Џенер, Фото: Инстаграм

24-годишната Џенер и 30-годишниот Скот имаа многу подеми, падови и прекини од почетокот на нивната врска во 2017 година. Тие го добија своето второ дете, синот Волф Вебстер, во февруари 2022 година, а исто така ја имаат и 4-годишната ќерка Сторми.

Рачето на бебето на Кајли Џенер
Фото: Скриншот, Инстаграм

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

Последната информација за нивниот романтичен однос беше во ноември 2021 година, извор изјави за „Е!“ „Тие не се заедно“. Но, според сестрата на Кајли, Клои Кардашијан, парот сè уште е заедно.

кајли џенер
Кајли / Фото: Принтскрин/Инстаграм

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две американски нафтени компании ги прекинуваат бизнисите во Русија

Следно

ВИДЕО: Наполи со пресврт остана во трката за Скудетото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian