ФОТО | Ќерката на Алек Болдвин отворено за анкциозноста: Лежам на подот во положба на фетус

1 min read

Ќерката на Алек Болдвин, актерката Ајрленд Болдвин, сподели со следбениците детали за своето ментално здравје. Ајрленд скоро објави фотографија на која се гледа како лежи на пoдот од тоалетот, ситуација предизвикана од кафе.

„Утрово испив една шолја кафе на празен желудник и тоа се претвори во напад на анкциозност. Ова моментално го пишувам додека седам на подот од тоалетот. Вообичаено седам тука или лежам во положба на фетус сè додека ми се плаче и повраќа. Кафето ме иритита и ме доведува до анкциозност. Доколку патите од анксиозност како мене, кафето ви е непријател“, напишала таа.

Ќерката на Алек Болдвин, која е секогаш искрена за нејзините борби со анксиозноста, се нарече себеси „глупава гуска“ објаснувајќи зошто „на прво место го испила“.

„Напишаново и отвореноста со сите за моите борби помага да помине. Ако кафето ве тера да си ги „извалкате“ панталоните и имате исто искуство, ве молам пишете ми“, напиша Ајрленд.

Олена не знаела дека Зеленски ќе се кандидира за претседател: Заборавил да ѝ каже

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американците испраќаат оклопни возила во Бугарија, Софија не размислува за воена помош за Украина

Следно

Нејмар си заминува од ПСЖ, англиски клуб планира да го купи за 240 милиони евра!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian