Бугарскиот премиер го осуди ослободувањето на Бојко Борисов

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков го критикуваше ослободувањето на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, велејќи дека во Бугарија нема независно обвинителство.

Повторно сме соочени со целосна саботажа на Обвинителството на Република Бугарија на чело со господинот Иван Гешев“, изјави Петков, пренесе бугарската агенција БТА.

Петков и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков синоќа одржаа вонредна прес-конференција на Советот на министри на која го коментираа притворот и потоа ослободувањето на Борисов.

„Се прикриваат документи кои можат да доведат до обвиненија до кои лесно можеме да дојдеме. Исто така се прикриваат и игнорираат информациите за да се спречи правна истрага“, рече премиерот по ослободувањето на Борисов од притвор.

Поранешниот премиер Бојко Борисов во четвртокот вечерта беше приведен заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и неговиот советник за медиуми Севдалин Арнаудов, а еден ден подоцна беа ослободени.

Обвинителството по нивното ослободување соопшти дека немаат доволно информации за да ги обвинат.

ВИДЕО | Борисов излезе од притвор: Се плашам дека може да ме убијат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа

Следно

ЕСА ја суспендираше соработката со Роскосмос: Русија планира самостојна мисија на Марс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian