149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

skopjeinfo.mk

Претходно

Најчести последици на мозокот по прележан ковид-19

Следно

Американскиот конгресмен од Алјаска, Дон Јанг ненадејно почина во авион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian