Украинско МВР: Ќе ни требаат години да ги отстраниме мините

1 min read

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски изјави денеска дека на Украина и требаат години да ги отстрани неексплодираните направи по руската инвазија.

– Кон Украина беа истрелани голем број гранати и мини, а голем дел од нив не експлодираа, останаа под урнатините и претставуваат реална закана. Ќе бидат потребни години, а не месеци за да се деактивираат, истакна Монастирски.

Освен неексплодираните руски направи, украинската војска поставувала и нагазни мини на мостовите, аеродромите и друга клучна инфраструктура за да ги спречи Русите да ги користат.

– Нема да можеме да ги отстраниме тие мини од целата територија, затоа побарав помош од меѓународните партнери и колеги од Европската унија и од САД за да се подготви група експерти кои ќе ги деминираат борбените зони и гранатираните објекти, нагласи украинскиот министер.

kurir.mk

Претходно

Русковска најави истрага за дел од „Скопје 2014“, ќе биде осомничен поранешен функционер

Следно

ФОТО | Хрватските медиуми пишуваат: Ова е најзгодниот полицаец во Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian