Тухел: Не постои поголем предизвик од Реал Мадрид во Лигата на шампионите

1 min read

Актуелниот европски шампион Челси во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе игра против најтрофејната европска екипа Реал Мадрид.

Овие два тима минатата година играа меѓу себе во ЛШ и тоа во полуфиналето, а како победник излезе Челси (1:1 и 2:0) кој подоцна со триумфот од 1:0 над Манчестер сити, стана европски шампион.

– Не постои поголем предизвик од Реал Мадрид. Реваншот ќе го играме на Сантијаго Бернабеу пред навивачи што ќе ја зголеми возбудата и кај играчите и кај фановите. Знаеме што не очекува, ,ќе биде интересно – изјави Тухел.

Сепак, постои можност реваншот да се игра на „Стемфорд бриџ“ бидејќи според правилата на УЕФА, два тима од ист град не можат да бидат домаќини во ист ден од исто натпреварување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Се вљубив во Дубаи“: Туна ужива на заедничко патување со децата

Следно

Кржаловски: Бугарија под притисок да го тргне ветото, Македонија под притисок да ѝ попушти на Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian