Тројца малолетници од Скопје уапсени за кражба на автомобил

1 min read

Денеска во 03.00 часот на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 01.03 и 08.03.2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“.

Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата.

По целосно документирање на случаите против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Баевска-Вучковиќ: Целта на Никоб Медикал е да биде поддршка на животот на граѓаните

Следно

Блинкен: Путин не покажува знаци дека ќе престане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian