Талибанците уапсиле медиумски работници бидејќи не им се допаднал прилог на авганистанската телевизија

1 min read

Талибанската разузнавачка служба ноќеска уапсила тројца вработени во телевизијата „ТОЛО“, една од најголемите авганистански телевизиски куќи. Наводно, причина за апсењето било тоа што на властите не им се допаднал прилогот на телелвизијата за забраната на емитување странски серии, изјави директорот на телевизијата, Кпалвак Сапај, еден од упасените.

Сапај и правниот советник на медиумот, Нафај Калик, после неколку часа биле ослободени, додека телевизискиот презентер, Бахрам Аман, се уште е во притвор.

Обединетите нации и Комитетот за заштита на новинарите ги повикаа властите во Авганистан да престанат да вршат притисоци врз новинарите и преку апсења, закани и застрашувања да ја задушуваат слободата на медиумите во земјата.

Талибанската разузнавачка служба ги демантира информациите за апсењето на новинарите.

Според Репортери без граници, од август минатата година кога Талибанците се вратија на власт до декември во земјата се затворени 231 од 543 медиуми, а повеќе од 6.400 новинари останале без работа.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Зимзелени садници украдени од паркот Скулптура во Гази Баба

Следно

Пленковиќ: Недвосмислено беше утврдено дека дронот бил вооружен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian