Скопски Водовод започнува со активности по повод денот на водата – 22 Март

2 mins read

Скопски Водовод со нов слоган “Водата е живот, квалитет кој трае”, започнува со активности по повод денот на водата 22 Март.

Активностите вклучуваат промоција на материјали од едукативен карактер со нов слоган на претпријатието, кој гласи „Водата е живот, квалитет кој трае“, чија основна цел е подигнување на свеста за значењето на водата и нејзината правилна и рационална употреба.

Исто така по повод Светскиот ден на водата, кој оваа година се одбележува под мотото „Подземни води – правење на невидливото видливо“, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја поддржа иницијативата на Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје. Иницијативата за реализација на овој проект, на големо задоволство на сите вклучени страни е поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

Во рамки на овој проект, сите основни училишта на територија на град Скопје добиваат донација на едукативни постери, кои се однесуваат на значењето на подземните води, процесот на дистрибуција на водата за пиење од изворот Рашче и кружниот тек на водата, како и видео материјал со едукативно-информативен карактер.

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на водата влегуваат и активностите кои се однесуваат на презентација на дел од наодите од „Студијата за подземните води во скопскиот регион“ изработена во соработка на ЈП Водовод и канализација – Скопје со УНДП, Градежен институт Македонија – ГИМ и Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици, потврди Спасовски

Следно

Украински министер: Зеленски е подготвен уште утре да се состане со Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian