Речиси 400 Украинци досега пристигнале во Македонија, сместени се кај роднини и пријатели

1 min read

Од почетокот на руската агресија врз Украина, во Македонија се стигнати 390 бегалци од Украина, вели за Фокус Александар Урбанович, претседател на здружението Украинци во Македонија.

Овие информации Урбанович ги добил од Центарот за бегалци, азил и миграции. Според неговите информации, 90 отсто од Украинците кои стигнале во земјава се сместени кај пријатели и нивни блиски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, денеска одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со украинските бегалци во земјава, рече досега во земјава дека се дојдени околу педесетина лица од Украина.

– Досега немаме некоја поголема бројка, околу педесетина луѓе, кои се украински државјани или украински државјани коишто се во брак со македонски државјани. Значи, нивните семејства се тука и сите се дојдени со претходна нивна организација, приватно, рече Спасовски.

Околу 3,5 милиони бегалци ја напуштиле Украина во изминатите недели, според УНХЦР. Најголем дел од нив, околу два милиони, избегале од државата преку Полска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на мастерсот во Монтреал не ја затвора вратата за Ѓоковиќ

Следно

ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian