Радев: Не се мешам во апсењето на Борисов

2 mins read

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска одби да даде соодветен коментар околу синоќешното апсење на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Радев вели дека тој не се мешал во работата на агенциите за спроведување на законот, пишува БГНЕС.

„Не можам да ви кажам“, одговори Радев на прашањето дали очекува уште апсења.

Радев говореше и за состојбата во Украина и како тоа ќе влијае на Бугарија.

„Секој што ќе одлучи да обезбеди вооружување за Украина мора да може да се спротивстави на јавноста и да ги објасни ризиците. Нашата главна задача е да ги спречиме нашите граѓани и нашата нуклеарна централа да останат без соодветна воздушна одбрана. Може да се види дека дронови паѓаат на териториите на соседните земји. Не смееме да дозволиме тоа да се случи на нашата земја“ вели Радев.

Американскиот министер за одбрана во посета на Бугарија

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков.

Посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО.

Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.

На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: Путин не покажува знаци дека ќе престане

Следно

Украинската актерка Оксана Шветс загина во руски ракетен напад во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian