Проверете ги очите: Една промена може да биде првиот симптом на деменција!

2 mins read

Стручњаците тврдат дека очите се метафоричен прозорец во нашиот мозок. Тие исто така мислат дека едноставна промена на очите може да укаже на ризик од настанување на Алцхајмерова болест.
Алцхајмеровата болест е најчестиот тип на деменција и влијае на меморијата, размислувањето и однесувањето.

Раните симптоми вклучуваат губење на меморијата и конфузија. Истражувањата претходно открија дека симптомите како што се замор, губење на слухот и нарушувања на спиењето може да го предвидат ризикот од оваа состојба. Сега лекарите во Нов Зеланд открија дека едноставна промена на окото може да биде клучот за рано откривање на деменција.

Нивното истражување сугерира дека истенчувањето на мрежницата во текот на средната возраст е веројатно показател за когнитивните перформанси во нивната рана зрелост. Ретината е чувствително ткиво кое го обложува задниот дел на окото и набљудувањето на тоа на рана возраст може да им помогне на лекарите рано да ја откријат Алцхајмеровата болест. Експертите велат дека ова рано евидентирање на промените би можело да биде од клучно значење, бидејќи оние кои живеат со Алцхајмерова болест и со проблеми со очите може да доживеат зголемено чувство на конфузија доколку им е оштетен видот.

– Се надеваме дека вештачката интелигенција ќе може да направи слика на мрежницата на една личност и да утврди дали таа личност е во опасност од Алцхајмерова болест долго пред да почне да покажува симптоми и кога постои можност за лекување за ублажување на симптомите – рекла д-р Барет-Јанг.

„Со оглед на тоа што не бевме во можност да лекуваме напредна Алцхајмерова болест и дека глобалната преваленца на болеста е во пораст, можноста да ги идентификуваме луѓето во претклиничката фаза, кога сè уште имаме можност да интервенираме, е навистина важна“, додала докторката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УКРАИНА ВО СОЛЗИ: Во ракетен напад загина жената која ги доби сите почести во земјата, беше омилена кај сите генерации

Следно

ВИДЕО | Баевска-Вучковиќ: Целта на Никоб Медикал е да биде поддршка на животот на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian