Поради кражба на гласовите на „Беовизија“: Аца Лукас ги тужи Неда Украден и раководителите на РТС

3 mins read

Српскиот фолк-пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Мирковиќ, кои во средата поднесоа кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал против генералниот директор на Радио-телевизија Србија Драган Бујошевиќ, уредничката на Забавна програма Оливера Ковачевиќ и седум членови на жирито – Неда Украден, Уна Сениќ, Владимир Николов, Слободан Марковиќ, Драган Илиќ (финале), како и Жељко Васиќ и Тијана Милошевиќ (полуфинални вечери), поради тргување со влијание и договарање на резултатите од натпреварот „Песна за Евровизија“, како организатори на криминалната група ги означиле Бујошевиќ и Ковачевиќ, пишува „Новости“.

Лукас и Мирковиќ вчера за „Новости“ потврдиле дека сите горенаведени се пријавени за тргување со влијание, за што се заканува затворска казна од една до осум години, а против Бујошевиќ, Ковачевиќ и Украден се поднесени и кривични пријави за договарање на резултатите на натпреварот на националниот избор за претставување на Евровизија. За делото е предвидена затворска казна од шест месеци до три години, како и парична казна.

„Да ги измиев стапалата на сцената, можеби ќе победев“, рече српскиот фолк-пејач Аца Лукас (53) по поразот на „Беовизија“ за Песна на Евровизија, во кое го освои дури петтото место. Сега тој одлучи да тужи некои членови на жирито од полуфиналето и финалето, како и генералниот директор на РТС Драган Бујошевиќ и уредничката на Забавната програма на Јавниот сервис на Србија, Оливера Ковачевиќ, пишува „Блиц“.

Пејачот во тужбата наведува дека за него не гласале Жељко Васиќ, Тијана Милошевиќ, Уна Сениќ, Владимир Николов и Неда Украден (71) поради „лични причини и несогласувања што постојат помеѓу Драган Бујошевиќ, Оливера Ковачевиќ и самиот пејач“ и дека поради тоа го немал посакуваниот број гласови.

– Немам коментари – била првата реакција на Неда Украден за порталот „24седам.рс“. Подоцна во порака за „Курир.рс“, го открила своето мислење за тужбата.

„Како да се коментира тужбата на човекот на кој само јас му дадов гласови, а на победничката не ѝ дадов ниту еден глас?“, напишала Неда во пораката.

Другите членови биле изненадени од тужбата.

Уредничката Ковачевиќ откри дека РТС ќе ја тужи пејачот.

– РТС и јас ќе го тужиме Лукас. На овој начин ќе му овозможиме на суд да ги докаже своите тврдења. Се работи за лаги, клевети, сѐ ќе се види на суд. Апсолутно се радувам за одењето на институцијата која ги утврдува фактите – рекла Ковачевиќ.

Аца Лукас „удри“ по РТС за изборот на песна за „Евровизија“: Не сакаат да одам затоа што не давам пари

ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!

ВИДЕО | Скандал на српската „Песна за Евровизија 22“: Пресметка помеѓу Аца Лукас и Бајага!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од партијата на Борисов бараат оставка на Петков: Тој што го прекрши Уставот вели дека никој не е над законот

Следно

Се искасапи буџетот благодарение на кој 15 години ниеден сексуален работник или корисник на дрога во земјава нема ХИВ 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian