Отворен првиот младински клуб во Стајковци

1 min read

Денеска градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со преставници од УСАИД го отворија првиот младински клуб во рамки на Месната заедница во Стајковци.

-Денес во просториите на Месната заедница Стајковци го отворивме првиот младински клуб. Овој проект го реализиравме во соработка со УСАИД и е во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Иницијативата за отворање на ваков младински клуб дојде од страна на училишните парламенти на општинските основни училишта Кирил и Методиј, Дане Крапчев и 25 Мај. На денешната средба во разговор со учениците ги слушнав нивните идеи и предлози со цел создавање на поквалитетно образование на најмладите. Инвестициите во создавањето на квалитетно образование и восипитание на нашите дечиња ќе продолжат и во иднина преку реализација на голем број на проекти, соопшти Стефковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Кржаловски: Бугарија под притисок да го тргне ветото, Македонија под притисок да ѝ попушти на Софија

Следно

ЕП забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian