Конзорциум предводен од легендарниот капитен на Челси, Џон Тери, сака да купи дел од акциите на „сините“.
Тери и поранешната фудбалерка на Челси, Клер Реферти, го основаа конзорциумот „Тру блу“ во обид да откупат 10 отсто од акциите на Челси кој е ставен на проджба.
Конзорциумот на располагање има само 250 милиони фунти и не може да го купи актуелниот европски шампион за кого Роман Абрамович бара 2.4 милијарди фунти, но сака да стане дел од поголем конзорциум кој би купил 100 отсто од акциите.
Во конзорциумот „Тру блу“ не се само Тери и Реферти, туку има уште неколку англиски бизнисмени и банкари.