ОХЦХР: Во Украина досега се убиени 816 цивили

1 min read

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

Вистинскиот број на загинати е веројатно значително поголем. ОХЦХР, која има голем мониторинг тим во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од тешко погодените градови како Мариупол.

Поголемиот број од жртвите настрадале од експлозиви, гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи како и ракетни и воздушни напади, се истакнува во извештајот на ОХЦХР.

kurir.mk

Претходно

Почна да се гради нов парк во Бутел

Следно

ФОТО | Во 2014 направи хаос на Евровизија: Дали ќе препознаете која личност се „крие“ зад овој маж?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian