Нарачала такси до Украина за да помогне: Испив премногу џин, вели Британката

1 min read

Британката Лиони Филдс го прославувала роденденот на нејзината пријателка кога некој од друштвото ја начнал темата за случувањата во Украина, пренесува британскиот медиум „Mirror“.

Некој од присутните гости искоментирал дека нејзиниот партнер, кој е професионален војник, можеби ќе биде принуден да се бори доколку Велика Британија се вклучи во војната. Таа, без размислување, им рекла дека веднаш би тргнала со него ако дојде до тоа.

Оваа 34-годишна жена, која е мајка на две деца и сопственичка на салон за шишање кучиња, вели дека во тој момент била многу пијана и дека во таква состојба решила дека мора да направи нешто – веднаш. Па, повикала такси и решила да тргне на патување кое ќе ја чинело 4578 британски фунти.

„Бевме излезени неколку часа и испивме неколку пијачки со розов џин, малку самбука и едно шише вино. Потоа се вклучив на апликацијата на Убер и побарав такси. Наредното утро ме исконтактираа од банката и ме известија за некои чудни активности на мојата картичка. Возачот на таксито се обидел дури девет пати да го наплати патувањето.“

„Имам 34 години, требаше да се однесувам поразумно. Возачот прифати да нѐ однесе до таму, но, за среќа, немав доволно пари. Наредниот ден се сетив што направив.“

„Јас и мојата пријателка сакавме да одиме до Украина и да им помогнеме на луѓето. Не знам што ќе се случеше ако ги имав потребните пари на картичката“, раскажува Британката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинците тврдат дека убиле уште еден важен чиновник во руската војска

Следно

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици, потврди Спасовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian