Нагелсман: Не е лесно да се победи Јувентус во Торино, мора да внимаваме на Виљареал

1 min read

Баерн Минхен кој е еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите, во четвртфиналето на елитното клупско натпреварување ќе игра против Виљареал кого европските медиумите го отпишаа, но така не мислат во германскиот тим.

Баварците предупредуваат дека никој не смее да потцени екипа која славела со 3:0 во Торино против Јувентус.

– Виљареал е актуелен победник во Лигата на Европа. Имаат искусен тренер и екипа која има дефиниран стил на игра. Да се победи Јувентус со 3:0 не е лесно. Сакаме да играме во полуфиналето, но за победата ќе мора да се докажеме на теренот – изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Слично размислува и еден од најискусните во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер.

– Добро е што го гледав натпреварот во средата. Ќе мора да се бориме секоја секунда за пласман во полуфиналето – вели Милер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарско Обвинителство: Борисов е приведен поради наводни уцени

Следно

И умирачката поскапува – Црквата ги покачи цените

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian