Кржаловски: Бугарија под притисок да го тргне ветото, Македонија под притисок да ѝ попушти на Софија

3 mins read

Бугарија е свесна дека треба да ја одблокира Македонија и тоа може да се случи во јуни, но поддршката за членство на Македонија во ЕУ во новите околности сè повеќе ќе опаѓа, што покажуваат и негативните реакции во јавноста по посетата на високиот еврокомесар Жозеп Борел кој наместо датум, ни вети волја за преговори, вели аналитичарот Александар Кржаловски во врска со последниот развој на настаните кога ниту нарушената безбедност во Европа не е причина за брз почеток на преговорите.

– Сепак, очекувам Бугарија да биде под засилен притисок да се најде решение во текот на овие месеци од француското претседателство, а мислам дека и тие се се посвесни дека ќе треба да ја ослободат блокадата на Македонија и Албанија за почеток на преговорите. Но, тоа не ме секира многу. Повеќе ме плаши притисокот, па и желбата на нашата Влада да се најде решение и во таа смисла и подготвеноста за отстапки, бидејќи на крајот, само така ќе може и Бугарија да се одоброволи да отстапи од блокадата. И ми се чини дека, дали под превезот на вниманието кон војната во Украина или и без тоа, оваа Влада ќе ги направи сите отсапки што се бараат, за да се стигне до деблокада. И ми се чини дека, дали под превезот на вниманието кон војната во Украина или и без тоа, оваа Влада, исто како и претходната со Преспанскиот договор, ќе ги направи сите отсапки што се бараат за да се стигне до деблокада од Бугарија, за што пак Владата ќе се испофали дека „го решила проблемот“ и дека ете конечно „ќе го добиеме датумот“ – вели Кржаловски за „Слободен печат“.

Тој додава и дека бугарската реторика кон нас не е слична, туку идентична како руската кон Украина.

– Секое тврдење дека не е така, е навреда на интелигенцијата. А пак, тврдењето дека таква споредба не е во наш интерес не тера да се запрашаме – а што е тогаш наш интерес, кој го дефинира и уште повеќе, кој, како и каде го брани? Стравично е колку лесно политичарите се кријата зад такви фрази како „државни интереси“ или „потребите на грааѓаните“, а ни самите тие веројатно ги немаат ниту прочитано, а уште помалку разбрано собраниските декларации во кои се дефинираат тие интереси. Така се случи да се склучи и Преспанскиот договор со погазување на скоро сите одредби од соодветната декларација. И кога така се бранат, односно не се бранат државните ни интереси, нема да ме зачуди да завршиме со „уште еден голем успех“ и деблокада од Бугарија, токму со занемарување на нашите интереси, освен тој за ЕУ членство секако, но по која цена – вели Кржаловски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тухел: Не постои поголем предизвик од Реал Мадрид во Лигата на шампионите

Следно

Отворен првиот младински клуб во Стајковци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian