Италијанскиот амбасадор во посета на ФФМ, ги подари фотографиите од изложбата „Првпат“

2 mins read

Во пресрет на плејоф натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, гостин во „Куќа на фудбалот“ беше амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри.

Заедно со раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски ги споделија своите очекувања од важниот натпревар на 24. март и имајќи в предвид дека Македонија и Италија се пријателски земји, дадоа збор на финалниот бараж натпревар да навиваат за една од двете репрезентации.

ФОТО: Италијанска изложба на фотографии во чест на македонскиот фудбал

Голема чест за ФФМ е гестот на италијанската амбасада и амбасадорот Андреа Силвестри кој ни подари фотографии од репортажата „Првпат“ на фотографот Матео де Мајда и новинарот Козимо Биѕари направени од повеќе места во Македонија во времето пред историскиот прв настап на македонската репрезентација на Евро 2020. Тоа претставува прекрасна симболика за нас да веруваме во нови успеси. Фотографиите со различни мотиви од македонскиот клупски фудбал и навивачките групи секако ќе бидат дел од „Куќа на фудбалот“.

–  Очекувам отворен натпревар. Ќе биде предизвик за двете репрезентации. Мечот на 24. Март во Палермо е голем спорски момент, но и момент на пријателство меѓу двете земји. Нека победи подобриот – рече Силвестри.

Фотографии од репортажата беа изложени во галерии ширум нашата земја, во градовите Скопје, Кавадарци, Струмица и Прилеп, а истите беа објавени во многу медиуми ширум светотот, вклучително и Њујорк тајмс, Фајненшал тајмс, Дер шпигел. Репортажата „За првпат“ беше направена со поддршка на Музејот на современа фотографија во Милано, магазинот Ундичи и ФФМ.

–  Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи – изјави Сејдини.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Тамара со старо-нов имиџ: Публиката воодушевена!

Следно

Почна да се гради нов парк во Бутел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian