Ѓилас: За победа на опозицијата на изборите потребно е околу 60 отсто бирачи да гласаат

2 mins read

Претседателот на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас денеска изјави дека според партиските истражувања, потребно е на претстојните избори да излезат повеќе од 3,8 милиони гласачи или околу 60 отсто од запишаните гласачи за победа на опозицијата и влез во вториот круг од претседателските избори.

Ѓилас за весникот „Нова” изјави дека на гласање треба да излезат 3,8 милиони гласачи, бидејќи, според тоа истражување, со 3,5 милиони гласачи, кандидатот на СНС за претседател на Србија, Александар Вучиќ, би имал 52,8 отсто од гласовите, а кандидатот на Обединета Србија Здравко Понош 30 отсто гласови.

Според Ѓилас, со 3,5 милиони гласачи, Српската напредна партија (СНС) би имала околу 47 отсто од гласовите, а коалицијата Обединета Србија, во која се ССП, Демократската партија (ДС), Народната партија (НС) и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) околу 27,5 отсто, додека цензусот би го поминале и Социјалистичката партија на Србија, коалицијата Мораме, коалицијата НАДА и партијата Заветници.

Од друга страна Бојан Клачар, од ЦеСИД денес изјави дека на гласање се очекува да излезат меѓу 3,5 и 3,6 милиони гласачи.

– Неодговорно е во овој момент да се изнесуваат прецизни податоци и да се наддава, но извесно е дека излезноста ќе биде многу поголема од 2020 година – наведе Клачар за „Новости”.

-Една од причините е тоа што нема бојкот, а другата е што јавноста овие избори ги доживува како важни. Тоа покренува еден вид натпреварувачки дух. Некои истражувања покажуваат дека резултатите се очекуваат на ниво од 2016 година, односно излезеност нешто поголема од 55 отсто. Секоја поголема излезност го зголемува изборниот праг и ја зголемува можноста листите да останат под цензусот, кажа Клачар.

Големиот одзив, објаснува Клачар, што го посакува опозицијата, односно активирање на апстинентите, не мора да значи дека меѓу нив се сите опозициски гласачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија

Следно

ФОТО | Тамара со старо-нов имиџ: Публиката воодушевена!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian