И умирачката поскапува – Црквата ги покачи цените

1 min read

Во пресрет на Велигден, граѓани од Битола се жалат дека поскапела црковната услуга за водосвет, кој се врши во православните домови, објави ТВ Тера.

„Граѓаните кои ги затекнавме таму, зад камерата ни рекоа дека цените за црковните треби биле покачени уште за Задушница, кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари“, пишува Тера.

Владиката Петар во куса изјава за телевизијата вели дека е нормално да има поскапување, кога цените на услугите не биле покачени седум или осум години.

Според граѓаните, за 500 денари се зголемени и цените кои свештениците на МПЦ-ОА ги наплаќаат за погребите, венчавките и крштевките.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нагелсман: Не е лесно да се победи Јувентус во Торино, мора да внимаваме на Виљареал

Следно

Курти: Путин може да ја прошири војната од Украина на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian