Гвардиола: Против Атлетико е тешко да наметнете свој стил на игра

1 min read

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има голем респект за противникот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид и очекува два тешки натпревари.

– Атлетико си е Атлетико. Вие играте, се обидувате да наметнете свој стил наигра, но против Атлетико тоа е многу тешко – вели Гвардиола.

Шпанскиот тим во осминафиналето го елиминира градскиот ривал на Сити, Манчестер јунајтед и тоа благодарение на победата од 0:1 во реваншот на „Олд трафорд“.

– Атлетико имаше многу тешка група со Ливерпул, Милан и Порто, а потоа играа против Манчестер јунајтед и беа подобар тим. Посебно квалитетно одиграа во првото полувреме во Мадрид – додава Гвардиола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто се разведоа Људмила и Владимир Путин?

Следно

Хокенхол: Русија преминува на „стратегија на исцрпување“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian