„Tripadvisor“ го прогласи Дубаи за најпопуларна дестинација во светот во 2022 година, а се чини дека овој модерен град е сѐ повеќе посетен и од страна на регионалните, но и домашните ѕвезди.
Пејачката Туна Сејдиу е последна во низата познати личности кои во последно време го посетија Дубаи. Моментално, таа и нејзините два сина уживаат на ова егзотично патување.
„Јас сум вљубена во Дубаи. Не сакам да го напуштам…“, вели Туна на Инстаграм.
Дефинитивно, погледот кон највисокото панорамско тркало во светот е прекрасен.





