ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

8 mins read

Во педесетите години на минатиот век, пламтеше страствената љубов помеѓу Џо Димаџио и русокосата ѕвезда Мерилин Монро, и дури кога пламенот знаел да се стивне, играчот на бејзбол со ист жар ја љубел оваа заводничка сè до крајот на својот живот.

Таа беше легендарна ѕвезда на американската кинематографија, гламурозниот идол на генерациите, чија популарност се чинеше дека ќе трае засекогаш. Тој беше еден од најпознатите и најголемите бејзбол играчи во историјата на САД. Љубовната приказна им беше страствена, но и трагична.
Се пишувало дека Џо Димаџио ја сакал Мерилин Монро како ниеден маж во нејзиниот живот.

Мерилин Монро/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/Tytus Zmijewski POLAND OUT

Љубов на прв поглед, достојна на Холивуд

Џо Димаџио имал завидна бејзбол кариера, и како славен играч на Јенкис од Њујорк , од 1936 до 1951 година, девет пати ја освоил Светската серија и три пати наградата за најдобар играч во Американската лига. Неговиот славен рекорд е освоените 56 натпревари со барем еден погодок, што е вистински подвиг во овој спорт. По сјајната сезона, и одредени повреди, тој се повлекува во 1951 на возраст од 36 години.
Во тоа време, Мерилин Монро имала 25 години и остварила неколку улоги, но нејзината кариера допрва требало да се случи. Успехот доаѓа отако позирала полугола за календар, кога и сите погледи биле упатени кон оваа сензуална блондинка. Во април 1952 година, се нашла на насловната страница на списанието „Life“, со наслов „Разговор за Холивуд“.

Димаџио во тој период наишол на фотографија на која Монро симулира бејзбол потег, и во мигот се вљубил во неа и сакал да ја запознае. Состанокот успешно го закажал благодарение на заедничкиот пријател Дејвид Марч. Иако никогаш немала слушнато за него; Монро го прифатила состанокот. Заедно вечерале во ресторанот Вила Нора во Лос Анџелес. Меѓу нив веднаш се развила хемија, а се открило дека имааат заеднички точки. И обајцата биле многу срамежливи, но љубовта веќе се случила. Тоа било почеток на вистинска љубовна приказна во која двајца љубовници никогаш не се оставиле еден со друг. Во подоцнежните години, кога Монро ги снимила своите најпознати филмови „Мажите повеќе сакаат русокоси“ и „Како да се омажите за милионер“ во 1953.

Profimedia

Џо Димаџио стана коментатор на бејзбол натпревари во ЊуЈорк, но редовно патувал до Лос Анџелес и назад за да ја види својата убавица. Мерилин тогаш не ги следи сите социјални случувања и е далеку од „метежот“. Таа најчесто била со својот љубен на вечера или на риболов. По две години стабилна и гламурозна врска, парот решил да се венча, но за жал имало пречки на патот на вечната љубов. Имено, Димаџио бил во брак со својата поранешна сопруга, и тоа црковно не можело да се поништи. Иако католичката црква му се заканувала со екскомуникација ако пак се ожени, Димаџио го игнорирал тоа и изјавил дека „радо би отишол до Пеколот одошто да се одрече од својот Рај“.
Сепак, љубовниот пар се венчале во 1954 пред претставници на американските медиуми и судијата Чарлс Пери. За тајната церемонија дознале сите, а обожавателите едвај чекале да ги видат младенците.

Венчавката ја усреќила Мерилин до бескрајот, и рекла „Што ми значи Џо во животот? Го љубам со сето свое срце. Знаев дека така ќе биде и во бракот“. Парот го поминал медениот месец во Јапонија, а глумицата паузирала од снимање филмови за само да се посвети на брачните слатки води.

Фустанот на раздорот

Меѓутоа, популарноста на Мерилин растела врговлаво. Каде и да се појавела, новинарите и обожавателите го окупирале нејзиното внимание, сакале да разговараат со неа, а Џо Димаџио се нашол во аголот, потиснат од аурата на својата сопруга. Поранешниот спортист многу тешко ја прифаќа нејзината слава. Сликата на „секс симбол“ кој кружи околу неа, за него било премногу. Почнува да станува болно љубоморен, а со тоа да создава тензија околу актерката која постепено паѓа во депресија. Ова дополнително го разлутува Димаџио.

Конечната разлика меѓу нив двајца ја искристализирала митската сцена од кариерата на Мерилин Монро. Актерката кога го снима филмот „Седум години верност“, филмот на Били Вајлдер,се случува култниот кадар кога белиот фустан  се крева над решетките од кои „фучи“ воздух. Секвенцата се снимала на отворено на улиците на Њујорк, пред тон обожаватели кои врескале, хистерични новинари и бројни сведоци кои го „фатиле моментот“ во живо. Оваа сцена стана планетарно позната и најчесто имитирана. Таму бил и Џо Димаџио и овој момент дополнително го изнервирал.

Мерилин Монро/Инстаграм
Мерилин Монро/Инстаграм

По три недели, Мерилин објавува на прес-конференција дека се разведува. Одговорноста за неуспехот ја препишала на нивните кариери и ја напушта конференцијата цела во солзи. Бракот е официјално завршен по 274 дена.

Љубовта која ги издржала и тешките времиња

Крајот на бракот не бил и крај на љубовта на Монро и Димаџио. Тие биле блиски, па останале во постојан контакт. Сепак, покрај тоа што ја придружувал на премиерата на „Седум години верност“, повторното смирување дошло пребрзо – тие пак одново влегувале во расправии и со месеци потоа не разговарале. Актерката се омажи по вторпат во 1956 година за драматургот Артур Милер, но и тој брак завршува со развод, во 1961 година. Било тешко време за Монро, која имала неколку спонтани абортуси и филмски неуспеси. По сите тие болни мигови, во живот ја враќа токму поранешниот сопруг – Џо Димаџио. Тој ја сакал во сите нејзини фази, дури и кога била во најтемното. Кога закрепнувала во психијатриски центар, тој ја извадил од таму, за да може да се грижи за неа. Таа љубов на човек кон човек очигледно никогаш не престанала.  Дури и решиле повторно да се венчаат, во август 1962.

Судбината поинаку сакала

Мерилин починала ноќта помеѓу 4 и 5 август, по предозирање од лекови. Нејзината смрт никогаш не е расветлена, а заминувањето на иконата на холивудскиот филм е опколен со бројни мистерии околу смртта. Некои тврдат дека се работи за чиста несреќа, самоубиство, па и убиство.

Мерилин Монро
Profimedia

Димаџио не можел да се соземе од загубата и на денот на погребот, трипати се потпрел над нејзиното тело, прошепнувајќи „Те сакам“. Поранешниот љубовник, сопруг и поддршка на Мерилин Монро сепак бескрајно ја сакал и ѝ се воодушевувал. Никогаш не се преженил, а го посетувал гробот на актерката трипати неделно. Тој до крајот на својот живот, во 1999та година останал без ниеден сомнеж верен човек кој вистински ја сакаше Мерилин Монро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Речиси 400 Украинци досега пристигнале во Македонија, сместени се кај роднини и пријатели

Следно

Ивановска не е задоволна од спроведувањето на Стратегијата за борба против корупцијата

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian