ФОТО | Хрватските медиуми пишуваат: Ова е најзгодниот полицаец во Сплит

2 mins read

Социјалните мрежи ја имаат моќта од секого да напраат ѕвезда. Такво слично нешто му се случи и на еден полицаец од Сплит.

Имено, 26-годишниот Тино Милат има речиси 30.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“. Освен што работи како сообраќаен полицаец, тој е и личен тренер, а неговото извајано тело го привлече вниманието на балканската јавност.

Тино призна дека луѓето веќе го препознаваат дури и за време на неговата полициска работа.

„Секако, голем број луѓе ме следат на социјалните мрежи, драго ми е кога ќе ме препознаат. Но, работата си е работа и треба да се работи коректно, ако е во прашање прекршок за кој не можам да издадам усна опомена или ако некое лице кон кое дејствувам, нема услови за опомена, тогаш казната е неизбежна. Но, тоа не зависи од тоа дали некој ме следи или не, важно ми е секогаш да оставам впечаток на професионален, културен и љубезен полицаец“, изјави тој за „Слободна Далмација“.

Тој откри и на какви оправдувања најчесто наидува кога ќе запре некого поради прекршок…

„Оправдувања секогаш има, всушност ги има поприлично многу, од тоа дека тукушто излегле од дома, односно дека штотуку се вклучиле во сообраќај, до тоа дека живеат на 100 метри од локацијата каде што сум ги запрел… Често спомнуваат криминалци во контекст каде мене ме фативте од сите други криминалци во државата и слично“, рекол тој.

„Сакам да напредувам во хиерархијата во МВР. Ова е работа што ја сакам и сакам да ја работам. Ова специфично работно место на кое сум моментално има многу придобивки: уредна структура, услови за работа, претпоставени и опрема со која располагаме, уште само треба да поработиме на позитивен ПР на полицијата, да не се гледа на нас како на оние кои казнуваат туку оние кои спречуваат да се случи поголемо зло“, вели младиот полицаец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинско МВР: Ќе ни требаат години да ги отстраниме мините

Следно

Дани Алвеш ги фрли во транс навивачите на Барса, Меси се враќа на „Камп Ноу“?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian