ЕП забрани влез на дипломатите од Русија и Белорусија

1 min read

Европскиот парламент од денеска им забрани на дипломатите од Русија и од Белорусија да влезат во просториите.

„Од денеска на дипломатскиот и владиниот персонал на Русија и Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент“, напиша Роберта Мецола на Твитер.

„Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок“, додаде претседателката на Европскиот парламент.

kurir.mk

Претходно

Отворен првиот младински клуб во Стајковци

Следно

Ѓилас: За победа на опозицијата на изборите потребно е околу 60 отсто бирачи да гласаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian