Дани Алвеш ги фрли во транс навивачите на Барса, Меси се враќа на „Камп Ноу“?!

2 mins read

Лионел Меси по само една сезона во ПСЖ може да се врати во Барселона, тврди дефанзивецот на каталонскиот тим, Дани Алвеш.

Овие зборови на Алвес дадени во интервју за ЕСПН доаѓаат по шпекулациите на шпанските медиуми дека Хорхе Меси, таткото на Лео ги контактирал челниците на Барселона за да се распраша дали постојат услови за враќање на Аргентинецот на „Камп Ноу“.

– Според мене, Меси не ужива во ПСЖ бидејќи Лео е тој што ги прави натпреварите посебни. Но, тој тоа го прави кога се чувствува добро, комотно и ужива на теренот. А, кога Меси ужива, тогаш уживаат и сите кои се со него на теренот – рече Дани Алвеш.

Алвеш ги фрли навивачите НА Барселона во транс со зборовите дека Лео не е среќен во Париз и се надева дека ќе се врати во Барселона следната сезона.

– Мислам дека Меси не се чувствува добро во Париз. Неговиот дом е тука, во Барселона. Лео живееше на најубавото место на светот, во Барселона и на теренот го правеше тоа што највеќе го сака. Сакам да се врати и повторно да играме заедно. Лео секогаш ми говореше: Каде може да ти биде поубаво од тука? Беше во право, никаде не беше поубаво од Барселона. Кога си заминуваше ми испратив порака со истата реченица која тој ми ја кажа. Од некоја причина сега тој не е тука, но се надевам дека ќе се врати и би сакал и јас да бидам тука кога ќе се случи тоа за да уживаме заедно на теренот. Секој што си заминал од Барселона, зажалил, некој ќе го признае тоа, а некој не – рече Алвеш.

Лео Меси и Дани Алвеш заедно настапуваа во Барселона осум години, од 2008 до 2016 година и заедно седум титули во Ла Лига, пет во Шпанскиот Куп, седум во шпанскиот Суперкуп, три во Лигата на шампионите и имаат три триумфи во УЕФА Суперкупот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Хрватските медиуми пишуваат: Ова е најзгодниот полицаец во Сплит

Следно

ВИДЕО: Голчиште на Алиоски, но неговиот Ал Ахли загуби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian