Бугарско Обвинителство: Борисов е приведен поради наводни уцени

1 min read

Полицијата во Бугарија го приведе поранешниот премиер Бојко Борисов како дел од истрагата за наводни уцени што датираат од 2014 до 2019 година, соопшти денеска Бугарски обвинителство.

Децениското владеење на 62-годишниот Борисов заврши минатата пролет, кога тој ги загуби изборите кои го покажаа народниот гнев поради корупцијата на високо ниво во најсиромашната земја-членка на Европската унија. Тој останува лидер на централно-десничарската ГЕРБ, најголемата опозициска партија.

Новата центристичка коалициска влада ја презеде функцијата во декември, ветувајќи нулта толеранција за митото во Бугарија, која е рангирана како најкорумпираната земја-членка на ЕУ од страна на Транспаренси интернешнал.

Поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и советничката за медиуми на ГЕРБ, Севдалина Арнаудова, исто така беа приведени синоќа, се вели во соопштението на обвинителството.

Министерството за внатрешни работи синоќа соопшти дека апсењата биле дел од операцијата поврзана со околу 120 истраги на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО), кое истражува измами од големи размери со средства на ЕУ, во Бугарија.

Градските обвинители на Софија денеска ќе треба да одлучат дали ќе го продолжат притворот на Борисов на 72 часа или ќе го ослободат, откако ќе ги испитаат деталите од истрагата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СРЦЕПАРАТЕЛНО ФОТО: Поставени 109 празни колички на плоштад во спомен на убиените деца од Украина

Следно

Нагелсман: Не е лесно да се победи Јувентус во Торино, мора да внимаваме на Виљареал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian