ВИДЕО: Страшни сцени во Англија, навивач се врза за стативата, сите во шок!

1 min read

Една несекојдневна сцена се случи во Ливерпул на натпреварот од Премиер лигата помеѓу Евертон и Њукасл, кога еден навивач истрча на теренот и се врза за стативата.

Како што пишуваат англиските медиуми, навивачот тоа го направил во знак на протест против нафтените компании.

Се играше 49 минута, а веднаш потоа на теренот втрчаа уште неколку навивачи и судијата го прекина натпреварот.

Натпреварот мораше да биде прекинат на 10 минути, додека не беше одврзан од стативата и предаден на обезбедувањето.

Ниту ова не поминало добро, со оглед на тоа што приведениот, со оглед на пораката на неговата маица, пружил отпор.

Поради прекинот имаше судиско надополнување од 16 минути, на крајот Евертон славеше со 1:0 со голот на Ивоби (90+9`).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гоца Тржан отворено околу борбата за дете: Депресивно е, но морам да најдам сила

Следно

ВИДЕО: Абрахам е херојот на Рома, Феенорд пресилен за Партизан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian