ВИДЕО: Полициски автомобил го одведе Борисов од неговиот дом

1 min read

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва во полициски автомобил го напушти својот дом во градот Банкаја, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој беше изведен од полицаец и ќе биде предаден на Националната полициска служба на Бугарија.

Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што ќе биде испорачан поранешниот премиер на Бугарија.

Потпретседателот на ГЕРБ Тома Биков ги повика симпатизерите на партијата на протест во Софија.

Речиси три часа траеше претресот во домот на Борисов. Приведувањето е извршено во рамките на специјална истрага за злоупотреба на европските фондови, објавија локалните медиуми.

Меѓу приведените е и поранешниот бугарски министер за финансии Владислав Горанов.

Бугарската полиција го приведе Бојко Борисов, Петков вели дека никој не е над законот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Луѓето на граница им оставаат играчки на децата од Украина кои бегаат од војната

Следно

Гоца Тржан отворено околу борбата за дете: Депресивно е, но морам да најдам сила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian