Украинската мисица за војната: Животот ми се промени за една минута

2 mins read

Викторија Фајнблат, која ја освои титулата Мис на Украина во 2020 година зборуваше за полската телевизија „TVN“ за војната во нејзината земја и откри дека основала фондација за да им помогне на Украинците во овие тешки моменти.

Мисицата успеала да побегне во Полска со децата, но нејзиниот сопруг останал да се бори во својата татковина.

„Мојот живот се промени не за еден ден, туку за една минута. Уште потешко е кога знаеш дека порано си работел многу, си бил некој, луѓето ти верувале, а сега не можеш ништо да направиш“, започна таа.

Викторија долги години работи како дизајнер на ентериер, а беше и многу активна на социјалните мрежи

„Народот во Украина не може долго да издржи. Тоа не е можно ниту психички ниту физички. Не може да се живее без храна, без пијалоци. Сега луѓето не умираат само од муниција. Умираат од жед, од студ. Се плашам, децата секој ден прашуваат дали татко им е жив или не“, додаде таа.

„Се плашам дека светот ќе се измори, дека војната ќе стане секојдневие, како што стана во многу земји, тоа го знаеме. Но, верувам дека мојот народ нема да му биде роб на никого“, рече таа. „Сакам да му се заблагодарам на целиот полски народ бидејќи она што го гледам овде со свои очи, колку луѓето помагаат, е од непроценливо значење и Украина никогаш нема да го заборави тоа“, рече Викторија, која основаше фондација за помош на Украина.

„Немаше да си простам ако не направев нешто“

„Би сакала да му кажам на светот едно: помогнете ни, ве молам. Ние сме силни, но ако останеме сами, Русија ќе нè уништи и убие. Само светот може да ни помогне да се избориме и да ја запреме оваа војна“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гутереш: Над 3 милиони Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина, очајно им треба мир

Следно

ВИДЕО | Ивановска: Корупцијата има длабоки корени, како држава треба да се ресетираме кој правец ќе го одбереме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian