ТФТ Скопје поразен од Балкан во БИБЛ лигата

1 min read

Денеска во рамките од групата „Д“ во БИБЛ лигата составот на ТФТ Скопје загуби од бугарскиот Балкан со резултат 82:97.

Првата четвртина беше израмнета бидејќи двете екипи си разменуваа кошеви и водства. Ниту еден од тимови не можеше да искористи некоја предност долго време, така што разликата на крајот беше само два поени во корист на гостите. Тие продолжија да бидат во предност и во втората четвртина, а домаќините беа блиску, но ниту еднаш не го израмнија резултатот. Двапати ја намалија разликата на само поен, но вториот пат Балкан во серија од 13:0 направи предност од 14 поени и ја задржаа по 20 минути.

Во третата четвртина домаќините се обидоа да се вратат и успеаја да намалат дел од својата негатива. Балкан сепак добро ја контролираше разликата иако ТФТ се доближи на 5 поени непосредно пред крајот на периодот. Потоа гостите погодија две слободни фрлања за да одат по 7, а потоа во првите минути од последната делница Балкан ја врати двоцифрената предност. По тој момент гостите повторно почнаа да ја контролираат играта до крајот сигурно стигнаа до триумфот.

Во победничките редови доминираше Дерик Маркс со 21 поен, а за македонскиот кошаркарски клуб Ландриус Хортон запиша 19 поени и осум скокови.

Моментно на табелата води Ирони Нахарија со седум бодови, колку што има и Балкан, третопласиран е Макаби Хаифа, а последен е ТФТ Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Трогателна глетка што крши срце: Детски играчки на границата Украина-Романија

Следно

Локалните жители подготвуваат ѕидови од вреќи со песок и градат барикади во Одеса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian