Стручњаците потврдија: Оваа намирница е најдобрата храна за мозокот

1 min read

Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за здравјето на мозокот, а се наоѓаат во мрсните риби.

Благото губење на меморијата е нормална последица на стареењето. Мозокот, како и кожата, но и сите други органи, стареат. Можеби ќе се изненадите кога одеднаш во четириесеттите години не можете да се сетите на некои детали. Но, не плашете се, тоа е нормално. Всушност, нашата меморија е најдобра во 20-тите години, а потоа полека опаѓа. Обично луѓето во раните 40-ти ги забележуваат првите промени во памтењето.

Добрата вест е дека промените во исхраната може да го одложат стареењето на мозокот. Најважната промена што можете да ја направите? Во исхраната вклучете хранливи материи како што се омега-3 масни киселини.

Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за здравјето на мозокот, а токму поради тоа мрсната риба е најдобрата храна за спречување на губењето на меморијата. Лососот, скушата, туната и харингата имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природните намирници. Затоа, експертите предлагаат да ги вклучите во исхраната за подобро здравје на мозокот.

Сепак, придобивките од омега-3 масните киселини не застануваат само кај мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намален ризик од срцеви заболувања, помагаат во одржување на нивоата на триглицеридите (масти во крвта) и можат да ги намалат симптомите на артритис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски денеска ќе се обрати пред германскиот парламент

Следно

ВИДЕО | Дувњак: Неизборот на обвинители ползува на криминалот и корупцијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian