Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:
Хроника
Пропагандата на соседот се обидува да ја злоупотреби војната во Украина – Бугарите туркаат приказна дека „Русите ги створиле Македонците“!?
– Здруженијата на Бугарите од Македонија со писмо до властите во Скопје и Софија нагласуваат дека Советскиот сојуз го измислил „македонизмот“ и насилно го наметнувал како државна политика во Бугарија и во Југославија.
Економија
Скандал – На 91 граѓанин им е укината инвалидската пензија и им ги бараат пензиите назад!
– Закон Само во 2020 година се водат спорови за 11 привремени инвалиди, за кои се проценило дека престанале условите за инвалидитет и на кои им се бараат во просек по 5.800 евра да вратат назад, како неосновано примени пензии додека траел жалбениот период.
Од вчера основната храна се купува без ДДВ – Цените во продавниците треба да се пониски за износот на данокот
– Од УЈП велат дека граѓаните може да проверат дали во пракса се спроведува оваа мерка, така што ќе проверат дали на фискалната сметка данокот е нула, или пак има ознака Г за производите кои привремено се ослободени од оваа давачка кон државата.
Спорт
Фудбал – Во пресрет на баражот Италија-Македонија за пласман на СП – Мундијалска треска владее во Палермо
– Навивачите на „аѕурите“ сакаат во што поголем број да ги поддржат своите миленици на мечот со Македонија в четврток. Тоа сакаат да го направат со сто отсто исполнети трибини на стадионот „Ренцо Барбера“
Стрелаштво – Светското првенство е приоритет на Наковска Бикова
– Најдобрата македонска параолимпијка освои златен медал на ЕП во Норвешка, а според селекторот Јовановски, Светското првенство и е најголем предизвик годинава
Здравје
Истражување – Хрватски научници го открија клучот за долготрајна заштита од коронавирусот
Гастрономија
Стефанија Несторовска Како да подготвите леќа – Ем здрава, ем вкусна – лек за телото, уживање за непцето
Забава
Храбар чекор на примабалерината: Олга Смирнова го напушти Бољшој балетот и побегна во Амстердам: Се срамам од Русија!
Убавицата е магистер по менаџмент – Каролина Биелавска од Полска е новата Мис на светот
Скопје
Ќе направи ли ЈСП корекции на возниот ред – Граѓаните бараат нови линии и повеќе автобуси за почесто да користат јавен превоз
– За сите барања што се однесуваат на воведување нови линии, продолжување, скратување и слично, јавниот градски превозник има обврска да направи истражувања и анализи на исполнетоста на неопходните сообраќајно-технички, безбедносни, економски и други услови за да добијат одговор дали едно барање е основано или не.