Си-ен-ен: Залутаните дронови висок ризик војната во Украина да се прелее и во земјите на НАТО

4 mins read

Минатата недела, воено беспилотно летало прелета повеќе од 550 километри преку западната граница на Украина пред да се урне во Хрватска, членка на НАТО. Дронот носел бомба, соопштија хрватските власти, а сѐ уште не е јасно дали тој им припаѓа на украинските или руските сили, пишува Си-Ен-Ен.

По неколку дена, друго беспилотно летало навлезе во романскиот воздушен простор, јужно од Украина. И во вторникот, украинската војска соопшти дека соборила руски дрон, за кој тврдеше дека влегол во Украина преку полскиот воздушен простор.

Трите инциденти со беспилотни летала ја зголемија загриженоста дека војната во Украина може да се прелее во земјите на НАТО, па дури и ненамерно да ја принуди Алијансата да одлучи дали и како да одговори на инцидентите што се случуваат во нејзините граници.

Официјални лица од одбраната на САД велат дека залутаните беспилотни летала навлегле во територијата на НАТО главно ненамерно. Од почетокот на руската инвазија, американската војска воспостави линија на избегнување конфликт со Русија за да го намали ризикот од погрешно проценување и да обезбеди дека двете армии кои дејствуваат толку блиску една до друга нема случајно да се судрат. САД ја тестираат линијата „еднаш или двапати дневно“, рече висок претставник на одбраната, но досега линијата не е искористена.

НАТО неуспешно се обиде да стапи во контакт со Русија преку телефонска линија за да избегне конфликт и писмена кореспонденција, што предизвикува загриженост за подготвеноста на Русија да се судри додека инвазијата на Украина се шири понатаму на запад, кон територијата на НАТО, изјавија во средата високи претставници на НАТО.

„Се разбира, се обидуваме да комуницираме со нив, но потребни се две страни за да се комуницира“, рече еден од официјалните лица на брифингот во седиштето на НАТО.

Борба на прагот на НАТО

Минатиот викенд, Русија ја префрли борбата на прагот на НАТО со прецизно наведувани ракетни напади во близина на Лавов во западна Украина, насочени кон воена обука на само 16 километри од границата со Полска. Нападите се случија еден ден откако руски официјални лица им се заканија на конвоите кои доставуваат оружје од Запад во Украина, иако висок претставник на американската одбрана рече дека објектот не се користи за безбедносни пратки.

Границите на Бајден

Тензиите околу можноста руски беспилотни летала или бомби да навлезат на територијата на НАТО се појавија откако администрацијата на Бајден внимателно ја повлече линијата за тоа што е подготвена да направи за да и помогне на Украина во борбата против Русите. САД и НАТО обезбедија стотици милиони долари безбедносна помош за Украина, вклучително и противвоздушни и противтенковски ракети, но администрацијата на Бајден се спротивстави на испораката на полски борбени авиони за Украина преку германската воздухопловна база, предупредувајќи дека тоа ќе ескалира.

Претставници на САД и НАТО, исто така, јасно ставија до знаење дека немаат планови да испратат војници во Украина. Но, со изјавите на претседателот Џо Бајден и другите високи функционери дека  бранат „секој сантиметар“ од територијата на НАТО, претставниците на САД и НАТО го засилуваат надзорот и патролите во близина на границата на Алијансата со Украина за да се заштитат од каква било ненамерна ескалација.

„Ја засилуваме нашата будност, нашето присуство, начинот на кој го следиме нашиот воздушен простор. Ги зголемуваме нашите способности за следење, но и нашите способности за одговор доколку е потребно“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција оваа недела.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: Руските напади врз цивили се воено злосторство

Следно

ФОТО | Трогателна глетка што крши срце: Детски играчки на границата Украина-Романија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian